Fatma Bülbül
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ТБИЛИСИ (АА) - Владејачката партија „Грузиски сон” победи на вчерашните парламентарни избори во Грузија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Централната изборна комисија соопшти дека во повеќе од 70 отсто обработен гласачки материјал, досега, партијата „Грузиски сон” добила 49,95 отсто гласови.
Опозициската партија „Обединето национално движење” (УНМ) освои 26.63 отсто.
Грузискиот премиер Георги Квирикашвили доцна синоќа прогласи победа и покрај критиките од „Обединето национално движење” дека изборите се наместени.
На овие избори учетвуваа вкупно 19 партии, шест коалиции и 816 кандидати, кои се натпреваруваа за гласовите на 3,5 милиони луѓе за едно или повеќе места во Парламентот. Вкупниот број пратенички места во Парламентот изнесува 150.