Ekipa
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турските сили го спречија грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, во обид со брод да дојде и да положи венец во подрачјето на Кардак во Егејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека турската крајбрежна стража не му дозволила на бродот на Каменос да се приближи до островот Кардак.
Во соопштението се наведува дека турската крајбрежна стража го попречила патот и ја предупредила грчката делегација, по што грчкиот брод ги напуштил турските води без понатамошно предизвикување на тензии.
Со соопштение во врска со обидот на бродот „Никифорос“ да влезе во подрачјето на островот Кардак во Егејското Море излезе и турскиот Генералштаб.
Во соопштението на Генералштабот на турската армија се наведува дека патролен брод „Никифорос“ и крајбрежен безбедносен чамец со број LS-70 на грчките поморски сили, денес околу 11.30 часот по локално време се обиделе да влезат во подрачјето на островот Кардак.
Според соопштението на турскиот Генералштаб, овој обид бил спречен од страна на турските Поморски сили и Командата за крајбрежна безбедност. Се истакнува дека Турските вооружени сили (ТСК) одлучно продолжуваат да ги штитат правата и интересите на својата земја и народ врз основа на меѓународните права и договори.