Adel Ömeragiç
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Пратеникот на Албанската алтернатива во Собранието на Црна Гора, Ник Џелошај, рециклираше неколку листови на спорниот Речник на црногорската книжевност и народниот јазик, во знак на протест за одредени спорни изрази кои се најдоа во него, јавува Anadolu Agency (AA).
Џелошај, како што истакна, го сторил тоа во име на „сите Албанци”, бидејќи академиците на Црногорската академија за науки и уметности (ЦАНУ), помеѓу останатите, терминот „албанизација” го опишаа како „наметнување на албанскиот јазик, културата и обичаите на другите народи”.
„Народот кој го претставувам, овој Речник не го навредува само на национална, туку и на верска основа. Ние никогаш не рековме дека ќе го запалиме, тоа и не е баш начин на политичко дејствување. Тоа е начин на дејствување на авторот на овој текст. Ние ќе се приклучиме на планетарната акција, која претставува рециклирање на она што не е за употреба. Во име на албанскиот народ, каде и да живее, сега ќе го рециклирам овој речник”, изјави Џелошај денес во Собрнаието, по што го рециклираше Речникот.
„Се надевам дека оваа безвредна хартија сега на некој ќе му послужи да ја објави вистината”, изјави Џелошај.
Претставнциите на Бошњаците и Албанците во Црна Гора бурно реагираа поради, како што истакнаа, „грубите навреди на сметка на припадниците на бошњачко-муслиманскиот и албанскиот народ и граѓаните од исламска вероисповест” во речникот на црногорскиот јазик, а од Министерството за наука побараа да го забранат ставањето во било кој вид на промет изданието на Речникот.
Претставниците на овие два народи воочија голем број на термини, кои као истакнаа, кои на најгруб начин ги навредуваат Бошњаците, Албанците како и припадниците на исламската вера.
Џелошај порача дека нема да застане на овој перформанс.
„Утре ќе имаме состанок со претседателот на Албанија, а ќе барам и состанок со премиерот на Албанија со цел да ги спречам проблемите со Речникот и статусот на општината Малесија” , изјави Џелошај.
На почетокот на април, Црногорската академија за науки и уметности го објави првиот дел од Речникот на црногорскиот народен и книжевен јазик, како „скромен подарок на народот во пресрет на десет години независност”. На нешто повеќе од 500 страници внесени се над 12.000 зборови кои почнуваат со буквите А, Б и В, заедно со информациите за нивниот изговор, значење и употреба.
И црногорските интелектуалци во писмото до ЦАНУ побараа повлекување на новиот Речник и извинување на Бошњаците, Албанците и муслиманите.