Muhammed Enes Can
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Утврдено е дека постоела комуникација меѓу лицата осомничени за обидот за атентат врз претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган – при обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО – и воените офицери кои по неуспешниот обид за пуч избегаа во Грција, а за нив Турција поднесе барање за екстрадиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во истрагата што ја води Бирото за тероризам и организиран криминал при Јавното обвинителство во Истанбул, откриени се нови детали во врска со воените офицери што со хеликоптер избегаа во Грција по неуспешниот обид за државен удар на ФЕТО, а за нив Турција има поднесено барање за екстрадиција.
Откриено е дека за време на обидот за државен удар во Турција биле остварени телефонски разговори меѓу осомничените полковник Али Актурк и потполковник Давут Учум, водачи на екипата што со хеликоптер се обиде да изврши атентат врз претседателот на Турција, Ердоган, заедно со лица што имале друга функција, на друго место во обидот за пуч: капетан Абдулах Јетик, мајор Ахмет Ѓузел, главен наредник Месут Фират и капетан Ферудун Чобан, кои пак со друг хеликоптер избегаа во Грција, откако обидот за државен удар беше неуспешен.
Во истрагата е утврдено дека сега притворениот полковник Али Актурк во текот на денот и вечерта за време на обидот за државен удар 3 пати разговарал на телефон со Абдулах Јетик, а еднаш со Ахмет Ѓузел. Вториот притворен, Давут Учум разговарал 12 пати со Абдулах Јетик, 2 пати со Ферудун Чобан и еднаш со Месут Фират.
Се дознава дека утврдените податоци се ставени во досието за екстрадиција, кое го води истанбулското Јавно обвинителство, а тие им се доставени и на грчките судски органи.
Се очекува грчките судски органи во текот на овој месец да донесат одлука во врска со избеганите војници-пучисти.