СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Одборот на административни доверители на Интернационалниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје и пратеник на АК партијата од Истанбул, Хусеин Бурге вели дека универзитетите се места на знаење во кои се образуваат добри луѓе: „Универзитетите не треба да бидат места на кои се образуваат млади што ќе ја предадат државата. Зад нивните насмеани лица не треба да се крие лице што размислува ‘на кој начин, еден ден би поставил бомба во оваа држава?’“.
За работата околу новиот кампус на ИБУ во Скопје, со новинарот на АА зборуваше претседателот на Одборот на административни доверители Бурге, при што стана збор и за терористичката организација ФЕТО.
Бурге рече дека се наоѓа во посета на Скопје за да ја следи работата во изградбата на новиот кампус на ИБУ, кој е сопственост на Фондацијата за образование и култура „Ускуп“.
„Се обидуваме работите околу зградата на ректоратот и блоковите А и Б забрзано да ги привршиме“, рече Бурге, додавајќи дека речиси половина кампус е завршен.
Тој информираше дека иако ИБУ низа години своите услуги на студентите во Скопје им ги дава на различни, изнајмени локации, сепак во 2012-2013 година, според Шангајските критериуми беше избран за најуспешен универзитет.
Претседателот на одборот истакна дека не сака да се намали овој успех: „Нашиот главен идеал е во Скопје, кој е центар на Балканот, да бидеме универзитет што дава образование на англиски јазик, најзначниот и најкористениот јазик во светот, и универзитет што е акредитиран од страна на Советот за високо образование (YÖK) на Турција. Сакаме тука да образуваме добри луѓе“.
Бурге нагласи дека светот денеска има потреба од добри луѓе, повеќе од кога било порано: „Универзитетите не треба да бидат места за образување лица кои еден ден ќе ја предадат државата. Зад нивните насмеани лица не треба да се крие лице што размислува ‘на кој начин еден ден би поставил бомба во оваа држава?’“
Со цел да не се заборави обидот за државен удар на 15 јули, датум кога Турција многу страдаше, кога имаше 241 загинат херој и повеќе од 2.000 ранети, Бурге рече: „За жал, преку своите колеџи, ФЕТО опстојува во Македонија“.
Бурге, кој ги извршува функциите претседател на парламентарната група на пријателство меѓу Турција и Македонија и заменик-претседател на групата за надворешни односи на АК партијата, вели: „Се среќаваме со раководството на земјите-пријатели од балканските простори. Од една страна, ја следиме работата околу универзитетот, а од друга страна им раскажуваме на соговорниците да не им веруваат на овие предавници, за да не бидат измамени од нивните насмеани лица“.
„Кога имаме можност, се среќаваме со градоначалниците на општините и со парламентарците, и притоа им велиме: ‘Ние сме пријателска земја, ова ни се случи нам; внимавајте на овие лица, хаосот што ѝ го направија на Турција може еден ден да ви го направат и вам‘. Ние тоа го зборуваме како наша обврска кон нив, која ја имаме како пријатели“, зборуваше Бурге во врска со преземените мерки и направените чекори.
Тој рече дека универзитетите се всушност места на кои луѓето се стекнуваат со знаења од науката, образованието и од културата и додаде дека основна цел на формирањето на ИБУ била создавање добри луѓе и студенти опремени со знаење.
Претседателот на Одборот истакна дека на универзитетот студираат студенти од повеќе земји од регионот.
„Додека ги гледам студентите ‘кои се цвеќиња-претставници на своите земји‘, ми наликуваат на вазна со цвеќиња. Средбата на нашите студенти на ИБУ, во Скопје, кој ја претставува таа вазна, го гледам како едно богатство и убавина“.
Бурге рече дека овој Универзитет започнал во периодот кога претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган бил премиер на Турција, и додаде дека денеска стасале до оваа позиција благодарение на помошта и трудот на бизнисмените за овој универзитет. „За овој универзитет многу направи и македонската Влада. Таа ја дава својата поддршка за ИБУ бидејќи тој е Универзитет на вакафот.
Бурге изјави дека претседателот Ердоган е лидер кој секогаш ја подава својата рака кон оние што доживеле неправда и прогон.
„Со еден повик, на 15 јули нашиот свет народ му се спротивстави на државниот удар и со знамиња во рацете, излезе пред тенковите и хеликоптерите. Со тоа, нашиот свет народ стана пример за целиот свет“.
Зборувајќи за изградбата на кампусот на Универзитетот, тој продолжи:
„Педесет отсто од комплексот е речиси завршен. Дојдовме при крај со зградата на ректоратот. Ја забрзавме динамиката на работата во внатрешниот дел на блоковите А и Б. Не сакаме да влеземе во површно завршени простории на универзитетот, но доколку успееме да ги надминеме сите пречки пред почетокот на оваа студентска година, на нашиот универзитет ќе студираат 1.200 студенти. Во моментов имаме капацитет за 3.000 студенти. Кога ќе завршат сите работи во комплексот, универзитетот ќе има капацитет за 5 до 6 илјади студенти. Заедно ќе ја доживееме среќата од завршувањето на комплексот, кој има оригинален дизајн – во кој се користени елементи од архитектурата на Селџуците и Османлиите.

Претседателот на Одборот рече дека Македонија е во атмосфера на предизборен период и од амбасадата на Турција во Скопје дознал дека по она што ѝ се случи на Турција и она што таа го преживеа, Македонија презема некои мерки за да се заштити од тоа: „Како што дознаваме, на таа тематика се работи и во Босна, Косово и во Албанија. Но сите тие чекори се апстракти и мислам дека е потребно колку што е можно порано да се направат конкретни чекори“.
Бурге истакна дека по обидот за државен удар, Турција создаде многу убава слика: „Турскиот претседател, премиер, опозицијата и власта заедно создаваат многу добри нешта“.
Тој ја спомена и операцијата на границата со Сирија, која започна кусо време откако е надмината ситуацијата од обидот за државен удар.
„Никаде на светот нема таков пример – една држава во една ноќ да го надмине државниот удар и по само 45 дена да изврши операција зад границата на друга држава – имено, во Сирија, во градот Џараблус, на површина од 500.000 квадратни метри, за да ги спаси загрозените и обесправени луѓе на таа територија. За оние што ќе прашаат, со полна душа им велам: ‘Тоа е Турција и турскиот народ’“.
Претседателот на Одборот посочи на фактот дека за време на отворањето на третиот мост на Босфор, мостот „Јавуз Султан Селим“, во Турција, на покана на турскиот претседател Ердоган престојувал претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и притоа зборувале за прашањата во врска со ФЕТО. „По истото прашање биле воспоставени неопходните контакти и меѓу владите. И парламентарните пријателски групи од Големото турско народно собрание со своите активности ги информираа засегнатите“.
Бурге изјави дека одговорните од Македонија ги преземале потребните мерки и дека продолжуваат со преземање мерки.
„Ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да им покажеме на земјите пријатели на Турција дека зад убавото насмеано лице стои предавство, кое ја донесе Турција во ситуацијата од 15 јули, за и тие да не го доживеат истото“.
Тој нагласи дека ИБУ има план во иднина да отвори гимназија. „Додаток на универзитетите се гимназиите. Доколку оваа година завршиме со половина од овој комплекс, тогаш наш втор чекор тука ќе биде отворање на балканска гимназија. Уште од самиот почеток, една од нашите цели беше отворањето гимназија“.
Претседателот на Одборот истакна дека родителите во Македонија го информирале дека не сакаат да ги испраќаат своите деца во училиштата на ФЕТО: „Во оваа област луѓето рекоа: ‘Ние нашите деца нема да ги пуштаме во колеџите на ФЕТО, но бараме веднаш да ни дадете алтернатива’, што за нас претставува големо охрабрување. Ние дефинитивно сакаме да влеземе во еден ваков проект, и како Одбор на административните доверители на универзитетот, ќе ги преземеме потребните мерки.
Бурге рече дека досега на универзитетот ИБУ немало студенти од колеџите што се поврзани со ФЕТО: „Се обидуваат, навидум несвесно, да се претстават себеси полни со знаења и многу сакаат да лебдат во облаците. Од отворањето на Универзитетот ИБУ во 2006 година, досега, ниту ‘за лек’ не можете да најдете студент што се школувал во колеџот ‘Јахја Кемал’“.
Тој вели дека во оваа борба против ФЕТО нема потреба од обвинување и жртвување на учениците, истакнувајќи дека се свесни за односот на семејствата кон ФЕТО.
Во врска со учениците од колеџите на ФЕТО кои би дошле да се запишат на Универзитетот ИБУ, Бурге го рече следното: „Не размислувам за запишување на учениците од колеџот ‘Јахја Кемал на Универзитетот ИБУ без да биде истражено нивното семејство и нивното потекло“.
news_share_descriptionsubscription_contact
