Etem Geylan
16 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Заменикот-началник на Генералштабот на вооружени сили на Турција, генералот Умит Дундар, соопшти денес дека во обидот за државен удар загинале 90 лица, од кои 47 цивили, двајца војници и 41 полицаец. Повредени се 1.154 лица. Во притвор се задржани 1.563 пучисти, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој изјави дека за време на ноќта убиени се 104 пучисти, лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.
„Безбедносните сили и судските органи по обидот за државен удар многу брзо презедоа потребни мерки. Државната власт и граѓаните заедноа покажаа пример на голема солидарност и спречија обид за државен удар”, изјави Дундар.
Дундар нагласи дека меѓу војниците кои се наоѓаат во притвор се наоѓаат и генералите Озкан Ајдоглу и Садик Ќороглу.
„Нашиот народ никогаш нема да го заборави предавството кое го направија оние кои имаат задача да ја штитат земјата но целите ги свртеа кон народот. Нека не се грижи турскиот народ, завршена е ерата на удари и пучеви”, истакна Дундар.
Дундар додаде дека лицата кои направија обид за државен удар во непознати правци однеле голем број на команданти кои делувале во Генералштабот и другите позиции.
„Како што знаете, началникот на Генералштабот се врати на должност, а за другите команданти во моментот не можам да дадам никакви информации”, нагласи Дундар.