Betül Yürük
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Заменикот-генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања, Стивен О'Брајан, изјави дека тие се подготвени за разговари со одредени кругови кога станува збор за хуманитарните кризи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Доколку треба да оствариме средби со вооружените владини и опозициски групи во Сирија, би се сретнале и со ДАЕШ, но притоа треба да бидеме сигурни дека ќе бидат превземени сите потребни мерки за загарантирана безбедност“, е дел од изјавата на помошникот генерален секретар за хуманитарни прашања на ОН, Стефан О’Брајан, во која се истакнува нивната подготвеност за средба со сите инволвирани страни во хуманитарните кризи, дадена за АА по завршувањето на.
По завршувањето на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул О'Брајан за АА даде свои проценки за актуелните ситуации.
„Бев навистина возбуден од ветувањата за заложбите остварени на самитот“, рече О’Брајан, истакнувајќи дека на истиот свое учество забележаа 177 државни и владини претставници од над 50 држави.
„Според ветувањата на самитот за идните заземања на полето на хуманитарното дејствување добиени од државни, невладини и граѓански меѓународни организации, сигурен сум дека ќе оствариме подобри и поефикасни активности во иднина“, додаде О’Брајан.
- „Целта на овој самит не беше собирање на пари“ -
О’Брајан го искажа задоволството од достигнатите илјадници ветувања за идните залагања на самитот, и апелираше за заедничка политичка волја која ќе допридонесе за успешна завршница на самитот.
„Целта на овој самиот не беше собирање на пари. Неговата цел беше огледана во нагласувањето на потребата од политичка волја за подинамично спроведување на хуманитарната помош“, додаде О’Брајан.
- „Доколку треба ќе се сретнеме и со ДАЕШ“ -
„Доколку треба да оствариме средби со вооружените владини и опозициски групи во Сирија, би се сретнале и со ДАЕШ, но притоа треба да бидеме сигурни дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за загарантирана безбедност. Но, не може да стане збор за остварлива средба во моментот, во услови на незагарантирана безбедност“, изјави О’Брајан.
- „Строго ги осудувам нападите на болнички објекти“ -
На првиот ден од почетокот на Светскиот хуманитарен самит, О’Брајан излезе со изјава за осуда на нападите врз болници во Сирија.
„Најстрого ги осудувам сите вооружени напади насочени кон болници, центри за здравје и сите останати хуманитарни институции. Овие напади ги прекршуваат меѓународните човекови права“.
О’Брајан изјави дека секој од нападите кон хумантарни објекти, претставува предмет на разгледување на Советот за безбедност при ОН, и истакна дека секој одговорен за истите треба да биде соодветно казнет.