Besar Ademi
11 Ноември 2016•Ажурирај: 12 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - По шестмесечното истражување и одржувањето трибини во неколку градови во Македонија, Евроатлантскиот совет на Република Македонија во Скопје организираше завршна конференција во рамките на проектот „Влијанието на евроатлантските интеграции врз меѓуетничките односи“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседатеот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, изјави дека истражувањето е реализирано преку анкетирање на граѓани од различна возраст, во различни места во Македонија. Тој потпирајќи се на реализираното истражување истакна дека 84 проценти од граѓаните на Македонија сметаат дека колку што напредуваме во евроатлантските интеграции, толку повеќе се подобруваат и меѓуетничките односи.
„Ова е логично, затоа што во една држава што сака да ги сподели европските вредности, тогаш ќе имаме повеќе правда, независни судови, слобода на медиумите, граѓански права и етнички права. Сето тоа ќе создаде подобра основа за понатаму – како што ќе напредуваме во евроатлантските интеграции, така ќе се подобруваат и меѓуетничките односи“, изјави Рамадани.
Според претседателот на бизнис клубот во Евроатлантсиот совет на Македонија, Трифун Костовски, демократските процеси и меѓуетничките права во оваа земја се движат во позитивна насока. Тој изрази уверување дека Македонија чекори кон потребните стандарди за членување во евроатлантското семејство.
„Денеска сме во ситуација да ги градиме нашите меѓуетнички односи. Ако сакаме прогресивно општество и подобра иднина за нашите граѓани, без војни и без да ги напуштаме нашите куќи, можеме да се движиме напред. Никој не може да ги изгради овие односи, освен самите ние. Во последните 15 години, меѓуетничките односи се подобруваат и довербата се враќа меѓу сите етнички заедници во Македонија. Најсилен доказ за ова е и последниот настан во Куманово“, изјави Костовски.
Вицепремиерот на Владата на Република Македонија за европски прашања, Арбр Адеми, истакна дека оваа земја максимално е посветена на негувањето добри меѓуетнички односи, коишто како што рече тој, се основа за евроатланската иднина на Македонија.
Во врска со условениот изештај на Европската комисија за Македонија, Адеми го оцени како објективен и коректен извештај, којшто покрај напредувањето, содржи и сугестии во врска со политичките критериуми, особено во областите каде што се вклучени итните, приоритетни реформи.
„Имајќи ги предвид сите околности и ситуацијата со која се соочуваме, оваа препорака е едно признание за европската перспектива на Македонија. Како што е наведено и во самата формулација на препораката, во следниот период ќе бидеме фокусирани на целосната имплементација на политичкиот договор од Пржино, организирање кредибилни избори и нормално, на суштинската имплементација на сите должности што се поврзани со итните приоритетни реформи. Ова е единствената алтернатива за да зачекориме кон нашата стратешка цел, членството во Европската Унија“,изјави Адеми.
Претходно, Евроатланскиот совет на Македонија одржа трибина во Тетово, Штип, Струмица и во Куманово, со цел да се промовираат резултатите од истражувањето и да се стимулира дебатата за овие важни прашња, како и со цел да се подобрат меѓуетнчките односи во земјата.