Vesna Besiç
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
КИЕВ (AA) - Фестивалот на огнот, кој традиционално се одржува во украинската престолнина Киев, и оваа година ги собра најдобрите фрлачи на пламенот од Грција, Белорусија, Украина, Словачка, Чешка Република и САД, јавува Anadolu Agency (AA).
И овој пат приредија вистински спектакл пред голем број на фанови на овој фестивал.
Првиот фестивал е одржан 2007 година, а Киев од секогаш е познат по уличниот театар и циркус и тоа на повеќето Украинци им е омилен начин на забавување.
Фестивалот е многу популарен и секоја година привлекува се повеќе публика.