култура и уметност

Со настапот на гитаристот Дејвид Торн започна „Скопскиот џез фестивал"

Првата фестифалска вечер ја посетија бројни посетители, а Оливер Белопета, директорот на „Скопскиот џез-фестивал" ја поздрави присутната публика и ја претстави програмата на фестивалот

Admir Fazlagic  | 17.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
Со настапот на гитаристот Дејвид Торн започна „Скопскиот џез фестивал" (Foto: Umeys Sulejman/ Anadolu Agency)

СКОПЈЕ (АА) - Со настапот на познатиот американски гитарист, композитор и продуцент Дејвид Торн, на сцената на Националната опера и балет, започна 38-то издание на „Скопскиот џез-фестивал“, јавува Anadolu Agency (AA).

Првата фестифалска вечер ја посетија бројни посетители, а Оливер Белопета, директорот на „Скопскиот џез-фестивал" ја поздрави присутната публика и накратко ја претстави програмата на фестивалот.

Во рамките на првата фестивалска вечер, по Дејвид Торн, настапува англискиот гитарист и композитор Фред Фрит со неговото трио.

На втората фестивалска вечер, на 18 октомври, според програмата, ќе настапи квартетот на Сократис Синопулос од Грција. Синопусос е познат музичар и професор, кој свири на инструментот што е типичен за јужните делови на Грција – лира.

По него, посетителите на овој џез фестивал, ќе имаат можност да го проследат настапот на Ануар Брахем. Организаторот Брахем го претставува како „волшебник на инструментот ут, автентичен мајстор кој успева да ја изнесе на површина сета акустична магија што ја носи оваа стара традиционална ориентална лејта во својата утроба: музичкото наследство на арапскиот и исламскиот свет."

Во сабота, од Норвешка доаѓа Јон Балке, со еден од своите многубројни проекти. Оваа вечер ќе има и втор концерт со „Арт ансамбл“ од Чикаго.

Според програмата, затворањето на 38-то издание на џез-фестивалот ќе биде на 20 октомври, со француската басистка и композиторка Џоел Леандре, пијанистот Торд Густавсен и Џејмс Брендон Луис, саксофонист од поновата генерација на госпел и блуз-музичарите.

Исто така, она што оваа година го обележува фестивалот е и соработката на „Скопскиот џез фестивал" со УНХЦР, под слоганот: „Џез-солидарност за беглаците“.

Инаку, Скопскиот џез фестивал е една од водечките културни манифестации во Северна Македонија, со традиција од 38 последователни години и со извонредна репутација во Европа и во светот. Се вбројува меѓу водечките џез фестивали во Европа.

Фестивалот започна во 1982 година, а во неговата историја се впишани настапите на најславните имиња на американскиот и европскиот џез, на латино-американската и африканската музика, како и најдобрите македонски музичари. Скопските џез фестивал е член на престижната асоцијација „Европска џез мрежа“ (Europe Jazz Network).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.