Admir Fazlagic
18 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Улични уметници од Македонија, Англија, Холандија и Австралија вечерва на градскиот плоштад во Скопје со нивните креативни уметнички настапи го привлекоа вниманието на минувачите кои ги следеа со воодушевување, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на нивниот настап, уметниците играа, пееја, свиреа, но и се „играа со оганот" што беше наградено со аплауз од присутната публиката.
Заблагодарувајќи им се на сите оние кои го гледаа нивниот настап уметниците ја поздравија публиката истакнувајќи дека тие се улични уметници од различни земји од светот и нивната сцена е дека „целиот свет кој ја сака уличната уметност."
Различните минувачи, меѓу кои и странски туристи кои престојуваат во главниот град на Македонија, одвоија дел од своето време да го погледнат настапот на уличните уметници, поздравувајќи го нивниот соджински богат перформанс.