Vakkas Doğantekin
29 Септември 2022•Ажурирај: 03 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Познатиот американски рапер од 1990-тите, Кулио, е пронајден мртов во бањата на неговиот пријател во Лос Анџелес, соопшти неговиот долгогодишен менаџер Џарез за ТМЗ. Кулио имаше 59 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полициски извори за ТМЗ изјавија дека на местото не е пронајдена дрога или реквизити за дрога. За да се утврди официјалната причина за смртта, ќе се направи обдукција и токсиколошки тест, но медицинските лица се сомневаат на можен срцев удар.
Кулио, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, се појави на рап-сцената во Лос Анџелес во доцните 1980-ти, а на насловните страници во 1995 година кога ја објави песната „Gangsta's Paradise“ за саундтракот на филмот за Мишел Фајфер, „Dangerous Minds“ (Опасни умови).