култура и уметност

Почина американскиот писател Винстон Грум, автор на романот „Форест Гамп“

Неговото најпознато дело е адаптирано во истоимениот филм „Форест Гамп“ од 1994 година, со Том Хенкс во главна улога, кој го режираше Роберт Земекис. Филмот освои шест награди „Оскар“.

Nuri Aydın  | 18.09.2020 - Обновена : 19.09.2020
Почина американскиот писател Винстон Грум, автор на романот „Форест Гамп“

ФЕИРХОУП

Познатиот американски писател Винстон Грум, најпознат по делото „Форест Гамп“, почина во 77. година, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Грум почина на јужниот дел на сојузната држава Алабама“, потврди градоначалничката на градот Феирхоуп, Карин Вилсон.

Вилсон порача дека во средата семејството ја известило за смртта на познатиот писател Грум.

Гувернерот на Алабама, Кеј Ајви, изјави дека изгубиле еден од најталентираните писатели во таа сојузна држава и дека Грум ќе го паметат како творец на ликот на „Форест Гамп“.

Неговото најпознато дело е адаптирано во истоимениот филм „Форест Гамп“ од 1994 година, со Том Хенкс во главна улога, кој го режираше Роберт Земекис. Филмот освои шест награди „Оскар“.

Со Форест Гамп, Винстон Грум напиша вкупно 16 романи, кои зборуваат за вистински настани.

Неговата книга „Разговори со непријателот“, која американскиот автор ја напиша следејќи морнар од Виетнамската војна, беше финалист на доделувањето на Пулицеровата награда во 1984 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın