Musa Alcan
05 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Објавен е првиот трејлер за филмот „Мумија“, во кој главната улога ја игра Том Круз, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за четврто продолжение на авантуристичката акција „Мумија“, а партнерка на Том Круз е младата француска актерка, Софија Бутела, која игра улога на мумија.
Во филмот на режисерот Алекс Курцман играат и Анабел Влис, Џејк Џонсон, Кортни Б. Венс, Расел Кроу.
Темата на филмот се одвива под слоганот „Светот на боговите и чудовиштата“, а во него ќе се обидат да оживеат повеќе чудовишта како Дракула, Франкенштајн, ловецот на вампири Ван Хелсинг и чудовиштата од Црната Лагуна.
Филмот во Кина стигнува на 9 јуни наредната година. Да потсетиме дека „Мумија“ своето деби на големиот екран го имаше во 1932 година. Улогата на мумија тогаш ја играше актерот Борис Карлоф.