Aida Cako
16 Април 2026•Ажурирај: 16 Април 2026
Во центарот на Хомс се одржа Фестивал на културното наследство, настан кој за локалното население го симболизира заживувањето на културниот живот во Сирија по соборувањето на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолу.
На фестивалот се собраа локални жители и посетители, а имаше традиционална храна, народни носии и културни изложби, со цел зачувување и промоција на сириското културно наследство.
Сириската револуција започна во март 2011 година со мирни протести во јужниот град Дараа, откако група тинејџери беа приведени и мачени поради испишување револуционерни слогани на ѕид.
Демонстрациите брзо се проширија низ земјата, со барања за политички реформи, поголеми слободи и крај на авторитарното владеење на претседателот Башар ал-Асад.
По повеќе од една деценија конфликт, режимот на Асад падна кога антивладините сили ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск на 8 декември 2024 година, по што Асад избега во Русија, со што заврши владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.
Кон крајот на јануари 2025 година, Ахмед ал-Шара, истакнат лидер на антирежимските сили, беше прогласен за претседател на Сирија за време на преодниот период, предводејќи ја земјата кон нова политичка фаза.