СКОПЈЕ (АА) – Турскиот театар во Скопје е институција која повеќе од половина век постои на македонската културна сцена, продуцира театарски претстави на турски јазик не само во Македонија туку надвор во Балканот и Европа, поради што со право може да се каже дека оваа институција е вистински културен бренд, вели во разговор за Anadolu Agency (AA) , Атила Клинче, директор на Турскиот театар во Скопје, кој на 21 декември, на Денот на образованието на турски јазик, а по повод 65 години од постоењето на Турскиот театар во Скопје ја промовираше монографијата "Со сигурни чекори до целта" . Таа е сублимат на активностите на Турскиот театар во последните пет години, од 2010 до 2015 година, и изобилува со фотографии за ансамблот и од претставите, а финансиски е поддржана од Министерството за култура.
“Монографијата е продолжение на првата монографија што беше издадена кога турскиот театар славеше 50 години од своето постоење. Сега кога славиме 65 години од нашето постоење, по тој повод се вметнати активностите на турскиот театар комплетно и програмскиот дел, од 2010 до 2015, нашите гостувања, награди. Направена е на 340 страници, двојазична е, на македонски и турски, а во средина има еден прекрасен албум од 366 фотографии” , вели Клинче, зборувајќи за монографијата која сведочи за повеќе од полувековното творештво на овој театар.
“На почетокот на монографијата ги имаме нашите соработници, најеминентни критичари, режисери, костимографи, сценографи, кои што соработувале со оваа реномирана институција, во делот на улогата и местото на турскиот театар и нивната соработка со нас. Тоа се 17 текстови на автори објавени во монографијата. Меѓу останатото во монографијата се застапени и 18 претстави од 2010 до 2015 година се изведени 18 проекти, тука се точно наведени премиерата, насловот и авторот” .
Продолжувајќи да зборува за монографијата, Клинче истакнува дека во неа се содржани и активностите од послените пет години, а веднаш после тоа е продолжение од првата книга Монографија за турскиот театар од 1950 година до 2015 година.
“Tурскиот театар има изведено 282 проекти. Тоа е хрононолошки точно, една фактографија колку е актуелен турскиот театар овде во Македонија” , истакнува директорот на Турскиот татар во Скопје, Клинче.
- Турскиот театар- Скопје е единствена институција на Балканот и во Европа, која што продуцира свои претстави на свој мајчин јазик -
“Ние сме горди што сме единствени во Балканот и во Европа, што продуцираме претстави надвор од Турција и директно сме финансирани од Министерството за култура. Настојуваме секогаш да бидеме актуелни, со македонскиот народен театар. Она што особено нас не радува и по што особено сме различни од другите е што го имаме традициционалниот турски театар со тоа што една синтеза со европските активности, правиме една синтеза од тоа и затоа сме препознатливи во земјата и надвор” , потенцира Клинче, кажувајќи дека турскиот театар е единствена институција во Балканот и во Европа што продуцира театарски претстави на мајчин јазик.
Првиот човек на Турскиот театар вели дека настапите на овој ансанбл се разликуваат од другите дури и кога настапуват во Турција, поради различкиот пристап во работата.
Гордо зборувајќи за досегашните успеси на театарот, Клинче вели дека најстакнатите театарски работници со задоволство соработуваат со Турскиот татар.
“Можам да се пофалам во државата и во подрачјето на Балканот нема режисер што не сака да соработува со турскиот театар. Доколку во моментот ги изброиме пет најдобри режисери во Македонија, пет најдобри костимографи, сценографи, композитори, сите тие имаат работено или сакаат да соработуваат со Турскиот театар. “
Турскиот театар во Скопје од своето оснивање до неодамна работеше во истата зграда заедно со Албанскиот театар, но новата зграда е во процесот на изградба, па во извезна иднина овој театар би требало да добие нова современа зграда.
“ Во најатрактивиот дел од градот, во близина на Автобуската станица, се гради нашиот театар којшто очекуваме кон крајот на јануари до почетокот на февруари да биде завршена карабината. По моја слободна проценка за година и пол две, би требало да ја добиеме таа зграда, која ќе биде во сопственост на турскиот театар. Една прекрасна зграда, во која ќе бидеме сами, ќе имаме подобри услови. Се работи за простор од околу 10 илјади квадрати површина, предвидено е да има две сцени. Таму би требало, по моја проценка да се одвиваат повеќе активности. Ќе има една алтернативна сцена која ќе биде отворена за младите креативци кои ќе сакаат да работат и да соработуваат, но основната функција на таа институција ќе биде продуцирање на претстави на турски јазик. Во последните 10-15 години ние имаме и превод на македонски јазик на нашите претстави” , вели Клинче, зборувајќи за современите услови кои би требало да ги добие тетарот со новата зграда.
“Добрите претстави, гостувањата и промоција на турската култура се она што можеме да го издвоиме како наше обележје” , истакнува Клинче, при тоа наведувајќи дека во последните десетина години турскиот театар е претставен во сите земји од поранешна Југославија.
Турскиот театар пред четири години доби и Орден за заслуги за Македонија од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. А меѓу позначајните успеси се и меѓународните настапи.
“Добивавме награди. Настапувавме во Франција, Австрија, како и во другите европски земји. Учествувавме на Деновите на македонска култура во Берлин, Италија, учествувавме во копродукција со Фиорентинскиот државен театар. Во Турција секоја година настапуваме еднаш или два пати”, наведува Клинче, осврнувајќи се на многубројните претстави кои ги има изведено овој театар во изминатите години, што сосема заслужено ја носи титулата на "вистински двигател на уметноста во Македонија".
Турскиот театар е формиран на 9 јули 1950 и прва премиера му била „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Абдуш Хусеин , a по повод 65 години постоење од Турскиот театар- Скопје, на 22 декември премиерно е изведена претставата “Генерална проба за самоубиство” од Душан Ковачевиќ.