култура и уметност

Документарецот на Анадолу за уличните музичари во Истанбул ќе биде прикажан на фестивал во Јапонија

- Претставен преку кинематографски наратив, документарецот ги раскажува животните приказни на странски музичари кои настапуваат на различни локации низ Истанбул...

Aişe Hümeyra Akgün  | 02.02.2026 - Обновена : 03.02.2026
Документарецот на Анадолу за уличните музичари во Истанбул ќе биде прикажан на фестивал во Јапонија

ИСТАНБУЛ (АА) – Документарниот филм „Гласовите на светот на улиците од Истанбул“, во продукција на камерманот на Анадолу, Тајиб Хосбаш, и монтажерот Серџан Курт, е избран во официјалната програма на Јапонскиот светски туристички филмски фестивал, јавува Анадолу.

Претставен преку кинематографски наратив, документарецот ги раскажува животните приказни на странски музичари кои настапуваат на различни локации низ Истанбул и ја истакнува културната разновидност што ја внесуваат во градот.

Документарецот е избран меѓу вкупно 1.132 проекти пријавени на фестивалот.

Проекцијата ќе се одржи од 18 до 20 март во градот Кока, во префектурата Шига, во Јапонија.

„Гласовите на светот на улиците од Истанбул“ претходно освои и награда во категоријата „Вести во серијал“ на 28. Меѓународен натпревар за новинарски видеоматеријали „Зум“, организиран од Турското здружение на новински камермани.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.