????? ????????
25 Октомври 2015•Ажурирај: 01 Ноември 2015
БЕЛГРАД (АА) – Концерто на Дино Мерлин во престолнината на Србија, во Комбанк Арена, на кој присуствуваа дваесет илјади негови фанови, започна во 21 часот со песната “Шкољка “ од неговиот последен албум “Хотел национал“ , јавува Anadolu Agency (AA) .
После оваа песна публиката одушевено реагираше на тактовите од стариот хит “Кад човјек воли жену“ а во текот на оваа песна Дино Мерлин ја поздрави публиката со “Добра вечер Белград! Добро дојдовте драги пријатели“ и додаде::
"Дали сте добро опремени? Спремни ли сте да почувстувате што се може да направи љубовта?
На задоволство на публиката еден од најголемите музичари ги испеа своите најголеми хитови. За да биде спектаклот потполн, освен Мерлин, доприесоа и 20 други музичари, врвно осветлување и проекција на LED екраните на кои се прикажуваа случувањата на сцената.
За 26.10.2015 година уште 20 илјади лујѓе, фанови на Мерлин, во Белград ќе имаат можност да уживаат во магијата на “Магионичарот “ од Босна, бидеќи тој ќе одржи уште еден концерт кој ќе трае два часа и 15 минути, а на него Мерлин ќе ги интерпретира неговите најголеми 30 хитови.