Црна Гора: Од 2016 година доживотна „плата“ за мајките на три и повеќе деца
Црна Гора од следната година воведува надокнада за вработените мајки со 25 и 15 години стаж, односно невработените мајки кои 15 години се во евиденцијата на Заводот за вработување, а кои имаат три или повеќе деца????? ??????????-???????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
Подгорица
ПОДГОРИЦА (АА) - Од 1-ви јануари 2016 година вработените мајки на три и повеќе деца во Црна Гора, кои имаат 25, односно 15 години работен стаж, ќе примаат доживотна месечна надокнада, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот ден од следнава година на сила стапуваат измените на Законот за социјална и детска заштита кој ќе израдува околу пет илјади жени во Црна Гора. Мајките на три и повеќе деца, со 25, односно 15 години работен стаж, но и невработените мајки кои се во евиденцијата на Заводот за вработување најмалку15 години, како и родителите и негувателите на лица со посебни потреби, ќе примаат месечна надокнада.
- Или надокнада или плата –
„Имајќи во предвид дека примената на одредбата на Законот за социјална и детска заштита, кој се однесува на надокнадата за жените кои родиле три и повеќе деца, ќе започне од 1-ви јануари, до тој рок ќе се донесе погодниот подзаконски акт со кој ќе се пропишат потребните докази за остварување на правото, бидејќи и тој ќе почне со примена од денот како и одредбите на Законот“, изјавија за АА, од Министерството за работа и социјална грижа.
Жената која ги исполнува условите за надокнада ќе мора да се одлучи помеѓу надокнада и плата, односно надокнада и пензија. Тоа значи дека не може да се прима и плата надокнада, односно пензија и надокнада. Со закон пропишано еден од родителите-негуватели, кои негува и се грижи за лице кое е корисник на лична инвалиднина, независно од работниот и пензискиот статус, има право на парична надокнада.
„Висината на надокнадата на родителот-негувател изнесува 193 евра месечно. Родителот-негувател кој се грижи и негува две или повеќе деца со пречки во развојот, од кои најмалку едно лице е корисник на лична инвалиднина или помош од друго лице, независно од работниот и пензискиот статус на родителот –негувател, му припаѓа надокнада од 193 евра месечно, за секое лице подеднакво. Правото на надокнада на родителот-негувател престанува со трајно сместување на лицата – корисници на инвалиднина, во јавна установа“, предвидено е во Законот.
Вработените мајки со три и повеќе деца, кои имаат 25 или 15 години работен стаж, ќе примаат доживотна месечна надокнада во износ од 70 проценти од нето заработувачката во Црна Гора во годината која ѝ претходи на годината кога е остварено тоа право. Жените кои имаат 15 години кумулативен работен стаж и три или повеќе деца ќе примаат надокнада 40 проценти од просечната нето заработка.
Просечната нето заработка во Црна Гора изнесува 477 евра. Тоа значи дека мајка со три и повеќе деца ќе прима по 333, односно 193 евра.
- Заштита на мајката и детето, уставна обврска –
Според податоците на Заводот за статистика на Црна Гора, моментално во Црна Гора има 3.140 жени со три деца и околу 1.560 со четири деца. Од ресорното министерство не можеа да прецизираат колку пари ќе бидат потребни да се издвојат за надокнада за мајките на три или повеќе деца. Либералната партија собра над 6.000 потписи како поддршка од граѓаните за иницијативата за доделување парична надокнада за мајките.
„Во уставот на Црна Гора предвидено е мајката и детето да уживаат посебна заштита, како и тоа дека државата треба да создава нови услови во кои се поттикнува наталитетот и позитивниот прираст на населението. Исто така, конкретните податоци покажуваат дека на Црна Гора веќе долг низ години и се заканува негативна стапка на раст, т.е се помал прираст и брзо стареење на населението. Ваквите податоци важат за околу две третини од општините, а во секоја поголема општина во Црна Гора ова е скоро како правило. Четири и повеќе деца имаат само 11 проценти од жените“, рекоа од Либералната партија.