Fahri Aksüt
12 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
БУРСА (АА) - Двајца браќа во западната облас Бурса, во Турција, го привлекуваат вниманието на луѓето со нивната ретка боја на очите, пишува Anadolu Agency (AA).
Двојката Суат и Есра Селман беа изненадени кога го добија своето прво дете пред 11 години, нивниот син, Мехмет, кој е роден со едно сино и едно кафено око, состојба наречена хетерохромија.
Нивното второ дете Керим, кој сега има 4 години, ја има истата состојба.
Многу познати личности меѓу кои Мила Кунис, Доминик Шервуд, Кејт Босворт, Кифер Сатерленд и Џејнс Сејмур, имаат хетерохромија, поради што ова станува моден тренд.
Состојбата не го нарушува видот и предизвикана е како резултат на различни концентрации на меланин, пигмент што ја одредува бојата на очите и кожата.
Таткото Суат Селман рече дека на неговите две деца кога биле помали, порано, им годело вниманието од јавноста, но сега се чувствуваат малку непријатно.
„Понекогаш, моите деца ги затворааат очите во јавноста за да не привлекуваат внимание“, додава тој.
Мајката на Мехмет и Керим, вели дека се чувствува среќно поради тоа што нејзините деца се посебни.