Поради љубовта кон својата мачка, жена од Анталија го замени домот со камперско комбе
- „Што е лесно во овој живот? Да почувствуваш дека можеш некому да му подариш нега, да почувствуваш дека си допрел и си спасил нечиј живот... тоа се најскапоцените и најчистите емоции на светот.“
Can Yücel
29 Мај 2026•Ажурирано: 29 Мај 2026
photo: Can Yücel / AA
АНТАЛИЈА
Демет Доган, која живее во Финике во турската област Анталија, избра да живее во приколка со својата мачка Ешеш, на која ѝ е потребна посебна грижа по сообраќајна несреќа, и со својата друга мачка, пишува Анадолу.
Пред шест години мачката на Доган, во сообраќајна несреќа се здоби со тешки повреди на нозете.
Бидејќи Ешеш има потреба од масажи, специјална исхрана и хигиенска поддршка, Доган ниту за миг не можела да ја остави сама. Поради посебните потреби на нејзиниот миленик, но и поради својата љубов кон слободата, таа одлучила да се пресели и да живее во камперско комбе.
Доган, која веќе шест месеци живее во камперско комбе со своите две мачки, во ниеден момент не ја запоставува секојдневната нега за мачката која има потешкотии во движењето.
Во разговорот со АА, Демет Доган рече дека неизмерно сака да патува. Раскажувајќи ја својата приказна, таа рече дека четири години работела како професорка по филозофија, но откако ја напуштила професијата, почнала да се занимава со веб-дизајн и менаџирање на социјални мрежи. Таа сè уште работи во оваа област, што ѝ овозможува да го избере животот на тркала.
Фотографија : Can Yücel/AA
И покрај грижата за мачката, Доган не сакала да се откаже од своите соништа, па камперскиот живот за неа е потреба, но и сопствен избор на среќа.
Доган раскажа дека за да може да се грижи за својата мачка морала да научи да вози големо возило: „Ако Ешеш не ја добива оваа нега, односно ако не се грижам за неа, таа не би можела да преживее. Ја масирам, јаде специјална храна и морам постојано да ѝ менувам пелени, но кога ќе се заврши сето тоа, таа со ништо не се разликува од кое била друга мачка.“
– Планира да тргне на патување низ Европа –
Споделувајќи како изгледа нивното секојдневје во камперското комбе, Доган објасни дека мачката има посебна кабина, а во возилото има два посебни тоалета.
И покрај сите тешкотии со кои се соочува, таа вели дека грижата за Ешеш ѝ носи бесценет духовен мир.
„Што е лесно во овој живот? Да почувствуваш дека можеш некому да му подариш нега, да почувствуваш дека си допрел и си спасил нечиј живот... тоа се најскапоцените и најчистите емоции на светот.“
На крајот од разговорот Доган додаде дека планира прво да оди во Малатија за да го посети гробот на својата мајка, а потоа со камперското комбе и со двете мачки ќе тргне на патување низ Европа.
Поради љубовта кон својата мачка, жена од Анталија го замени домот со камперско комбе