Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
живот

Палестинските вдовици во Газа се борат за опстанок по загубата на сопрузите

- Со скромните тезги на кои ги продаваат своите ракотворби, тие не само што придонесуваат во семејниот буџет туку и ја одржуваат жива надежта за опстанок
Sanja Kerazovska
05 Мај 2026•Ажурирај: 05 Мај 2026
Content media
КАН ЈУНИС

Во областа Ал-Маваси во градот Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, стотици Палестинки кои живеат во кампот за сирачиња „Ел Береке“ се соочуваат со суровата реалност на војната. Жените што ги изгубија своите животни сопатници, среде тешките животни услови, преку ноќ беа принудени од домаќинки да станат единствени столбови и извор на опстанок на своите семејства, јавува Анадолу.

Иако во кампот недостасуваат дури и најосновните услови за живот, овие храбри жени започнуваат мали сопствени иницијативи за да преживеат. Покрај традиционалното плетење и везење, тие отвориле и мала градинка за да им обезбедат образование на децата во кампот.

Со скромните тезги на кои ги продаваат своите ракотворби, тие не само што придонесуваат во семејниот буџет туку и ја одржуваат жива надежта за опстанок.

Шејма Ебу ел-Хусеин (37), мајка на четири деца, која го изгубила сопругот во војната, денес плете и везе за да ги нахрани своите најмили. Таа вели дека сега на своите деца им е и мајка и татко.

Шејма, заедно со уште 30 жени, го започнала овој проект за да не зависат од никого. Покажувајќи ги марамите на кои се везени палестинското знаме и обвивките за Куранот, таа порачува: „Потребни ни се силна волја и цврстина за да се избориме со овие маки. Ние, вдовиците, секогаш мора да стоиме исправено за да може да ги пораснеме нашите деца.“

Нериман Габан (35), мајка на пет деца, која исто така останала без сопруг, работи како воспитувачка во малата градинка во кампот. Таа раскажува за својот пат полн со страдања – од бегството од северот кон југот, па сè до петте присилни преселби низ Газа.

Условите во кои живеат се исклучително тешки, вели Габан, која со мака успева да ги намири дури и најосновните потреби на своите деца. Токму затоа таа одлучила да почне проект во областа на образованието, што е и нејзина стручност, како единствен начин да им обезбеди подобра иднина:

„На овој начин децата во кампот добиваат образование, а јас успевам да заработам за моите чеда”, сподели Габан, која и покрај сите премрежиња, останува цврсто решена да продолжи со својата мисија, велејќи: „Што и да се случи, ние ќе го исправиме ова поколение на нозе преку знаење и воспитување на нашите деца.“

Управничката на кампот за сирачиња „Ел Береке“, Абир Савалха, објаснува дека таму живеат околу 155 семејства на дечиња што останале без татко, односно вкупно 800 луѓе. Таа истакна дека нивната примарна цел е да им создадат сигурно прибежиште на жените што во војната останаа без своите сопрузи, додавајќи: „Иако надворешната помош е клучна за преживување, овие пожртвувани жени со вредните раце преку своите ракотворби се трудат сами да го дополнат она што им недостасува за достоинствен живот.“

Овие мали проекти, родени од скромни можности, станаа повеќе од извор на приход - тие се симбол на заедништвото, на нескршливиот дух и на палестинскиот отпор низ тивката, но моќна борба на мајките.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Претходно
Руски режисер ја загуби статуетката од Оскарите на лет на Луфтханза

Руски режисер ја загуби статуетката од Оскарите на лет на Луфтханза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САХА 2026: Турција се стреми да се најде меѓу 10 најголеми извозници на одбранбена и аеровселенска индустрија

Турција го претстави интерконтиненталниот балистички проектил „Јилдиримхан“ со дострел од над 6.000 километри

Израел се координира со САД додека тензиите со Иран растат

Јордан: Над 192.000 Сиријци доброволно се вратија во својата земја по падот на режимот на Асад

Израел призна дека бомбардирал 500 области во Либан за време на прекинот на огнот, убиени петмина војници

Романија: Падна Владата на премиерот Боложан, Парламентот изгласа недоверба

Трамп: Војната со Иран би можела да трае уште три недели

Погледни сè