Amina Zorniç
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ЈАВА (АА) - Мбах Гото од градот Среџен на индонезискиот остров Јава тврди дека има 146 години, што го прави најстара личност во историјата на човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
Гото, кој според документите кои ги има е роден на 31 декември 1870 година, ги надживеал своите десет браќа и сестри, како и четири сопруги, од кои последната починала 1988 година.
Бидејќи ги надживеал и своите деца, тој денес живее со своите внуци, правнуци и праправнуци.

Неговото семејство уште во 1992 година, подготвувајќи се за неговата смрт, изработила надгробен споменик.
„Сега сакам само да умрам“, истакнува Гото, кој деновите ги минува седејќи и слушајќи радио, бидејќи видот му е ослабен и не може да гледа телевизија.
Досега најстарата жителка на светот беше Франузинката Жана Калман, која во 1997 година почина на 122-годишна возраст.