Amina Zorniç
03 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Официјални лица од американксиот затвор Гвантанамо, утврдија дека Мустафа ал-Азиз ал-Шамири (37) од Јемен, затвореник кој поминал 13 години во Гвантанамо, е уапсен поради „грешка во процена на неговиот идентитет“, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што пишува британскиот “Gardian“, неименуван американски функционер кажа дека се испоставило дека Ал-Шамири „обичен исламски војник“ а не гласник и тренер на Ал-Каида как што се сметало
Американското министрество за одбрана претходно утврди дека споменатиот затвореник бил борец во Авганистан и се борел на страната на Ал-Каеда. Официјални лица на оваа институција признаа дека „по грешка верувале дека Ал-Шамири имал значајна улога бидејќи го замениле со некој друг борец со слично име“.
„Се веруваше дека Мустафа Абд-ал-Кави-ал-Азиз-ал-Шамири (YM-434) спаѓа меѓу неколкумината опасни џихадисти кои делуваат во рамките на Ал-Каида во Авганистан.Се веруваше дека работел како курир и тренер но сега знаеме дека тоа го извеле лица со слично име како YM-434“, наведува неименуваниот извор од Гватанамо.
Ал-Шамири е притворен во 2002 година а сè уште не е познато дали ќе биде 49-тиот затвореник кој ќе биде ослободен од злогласниот американски затвор. Последните години расте бројот на ослободени затвореници по утврдување дека веќе „не претставуваат опасност по безбедноста на САД“.
Во затворот кој е основан по нападите на 11-ти септември 2001 година во САД, сè уште се наоѓаат околу стотина затвореници.