Aysu Biçer
13 Април 2026•Ажурирај: 13 Април 2026
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека трошоците на Европската Унија (ЕУ) за увоз на фосилни горива се зголемила за повеќе од 22 милијарди евра (околу 26 милијарди долари) од почетокот на војната против Иран, јавува Анадолу.
На прес-конференцијата во Брисел, таа предупреди на растечкиот економски товар од зависноста од фосилни горива, велејќи дека трошоците за увоз се зголемиле за само 44 дена поради геополитичките тензии што влијаат врз снабдувањето со енергенти.
Истакна дека прекините во снабдувањето имале непосредно и сериозно финансиско влијание низ целиот континент, а се очекува понатамошен притисок дури и ако конфликтот брзо заврши.
„Ова го покажува огромното влијание што оваа криза го има врз нашата економија“, рече Фон дер Лајен.
„Плаќаме многу висока цена за нашата прекумерна зависност од фосилни горива, а реалноста за нашиот континент е дека енергијата од фосилни горива ќе остане најскапата опција во годините што доаѓаат“, додаде таа.
Иранските и американските делегации ги завршија 21-часовните преговори во Исламабад вчера без да постигнат договор.
Повеќе од 3.300 луѓе се убиени во воздушните напади на САД и Израел врз Иран од 28 февруари. Иран возврати со одмазднички напади врз Израел, Ирак, и останатите земји од Персискиот Залив во кои се наоѓаат американски воени капацитети, пред скорешната објава на двонеделниот прекин на огнот.