Aldıjana Hadzıc
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Резултатите од најопсежните истражувања на квалитетот на животот во земјите ширум светот покажуваат дека Финска е најдобра земја за живеење, а од 160 анализирани земји, Македонија се наоѓа на 57-то место, јавува Anadolu Agency (AA).
Social Progress Index, односно листата на земји кои имаат направено најголем напредок во исполнувањето на основните човекови потреби, благосостојбата и квалитетот на животот се Финска, по неа Канада, Данска, Австралија, Швајцарија, Шведска, Норвешка, Велика Британија и Исланд.
Што се однесува до земјите од регионот, Хрватска се наоѓа на 33-то место, Србија на 47, Црна Гора на 55-тото место, Македонија на 57, а Албанија е на 52. место. Словенија е далеку највисоко рангирана од земјите на Балканот и е на 20 место.
На самото дно на листата е Замбија, и пред неа се Виетнам, Судан, Туркменистан, Малта, Луксембург и Оман. Некои од економски најразвиените земји се рангирани надвор од првите десет позиции. Германија е на 15, Франција 17 и Соединетите Американски Држави (САД) на 19 место.
Сите три земји имаа понизок ранг на скалата во споредба со 2015 година.
Оваа студија покажува дека БДП не е единствена мерка за богатство и благосостојба на земјата, тука се вклучуваат и критериуми како што се квалитетот на здравствената заштита, стапката на криминал, заштита на животната средина и почитувањето на основните човекови права. Ова е причината зошто некои од најразвиените земји на оваа листа не постигнале завидни резултати.