Şerife Çetin
10 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
БРИСЕЛ (АА) - Пилотите на „Рајанер“, една од најголемите нискобуџетни авиокомпании, утрово стапија во генерален штрајк во пет земји, што предизвика откажување на вкупно 396 лета, јавува Anadolu Agency (AA).
Незадоволни со условите на работата, пилотите на оваа авиокомпанија истовремено стапија во штрајк во Германија, Белгија, Шведска, Ирска и Холандија.
Во соопштението на компанијата, во врска со најголемиот штрајк во нејзината 33-годишна историја, се вели дека во Германија се откажани 250 лета, во Белгија 104, а во Ирска и Холандија по 42 лета.
Штрајкот директно ќе погоди 50.000 патници.
Компанијата, штрајкот на пилотите го окарактеризираа како „тажен и разочарувачки“ потез, бидејќи, според нив, пилотите на „Рајанер“ се платени повеќе во однос на пилотите од другите нискобуџетни компании.
Пилотите бараат зголемување на платите, но и примена на регулативите на земјите во кои работат. Како што наведуваат, одбиваат да работат во други земји на Европа според регулативите и законите на Ирска.
Штрајкот ќе биде продолжен и утре, а тоа процентуално значи дека ќе биде откажан еден од шесте лета на компанијата.
Кабинскиот персонал на оваа компанија во јули стапи во штрајк, при што беа откажани 600 лета во Белгија, Португалија и Италија.
„Рајанер“ работи во 37 земји на вкупно 86 аеродроми. Минатата година превезе 130 милиони патници.