Mücahithan Avcıoğlu
12 Јуни 2026•Ажурирано: 12 Јуни 2026
Компанијата „Спејс-екс“ на Илон Маск првпат излезе на берза и оствари рекордни 75 милијарди долари - најмногу во историјата. Со овој потег вредноста на овој гигант за вселенска технологија, сателити и вештачка интелигенција достигна 1,77 билиони долари, јавува Анадолу.
Од компанијата соопштија дека утврдиле цена од 135 долари по акција за 555,56 милиони акции од класата А.
Тргувањето со акциите се очекува да започне денес на берзите „НАСДАК Глобал Селект“ и „НАСДАК Тексас“, под симболот „SPCX“.
Целиот процес околу продажбата на акциите се очекува да заврши на 15 јуни, по исполнувањето на вообичаените услови според законот.
„Спејс-екс“ им одобри на инвестициските банки што ја водат продажбата и дополнителна 30-дневна опција за купување на уште најмногу 83,33 милиони акции од класата А, по почетната цена на берзата.
„Како водечки менаџери на продажбата се јавуваат глобалните банкарски гиганти: „Голдман Сакс“, „Морган Стенли“, „БофА Секјуритис“, „Ситигруп“, „Џеј-Пи Морган“, „Барклис“, „Дојче Банк Секјуритис“, „РБЦ Кепитал Маркетс“, „УБС Инвестмент Банк“ и „Велс Фарго Секјуритис“.
Според конечното соопштение во проспектот на компанијата, Американската комисија за хартии од вредност на 11 јуни го одобри барањето за регистрација на акциите од класата А.
Компанијата „Спејс-екс“ е основана во 2002 година. Таа дизајнира, произведува и лансира ракети и вселенски летала, а развива и технологии во областа на глобалното интернет-поврзување и вештачката интелигенција.