Gökhan Ergöçün
28 Април 2026•Ажурирај: 28 Април 2026
Обединетите Арапски Емирати ја објавија својата одлука за повлекување од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и од ОПЕК+, јавува Анадолу.
Одлуката ќе стапи на сила од 1 мај 2026 година, јави денес државната новинска агенција на Емиратите (ВАМ).
Медиумот наведува дека одлуката е во согласност со долгорочната стратегиска и економска визија на земјата и развојот на нејзиниот енергетски сектор.
Одлуката, исто така, ја зајакнува посветеноста на ОАЕ на својата улога како одговорен и сигурен производител што гледа кон иднината на глобалните енергетски пазари, се додава во соопштението.
ОАЕ се вклучија во ОПЕК во 1967 година.