Балкан

Чешка го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

„Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот

Admir Fazlagic  | 12.07.2019 - Обновена : 13.07.2019
Чешка го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО (Foto: Husamedin Gina/ AA)

СКОПЈЕ (АА) - Чешкиот Парламент го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во оваа алијанса на 6 февруари оваа година, а досега дваесетина земји членки го ратификуваа Протоколот.

За да стане Северна Македонија полноправна земја членка на НАТО, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите членки на Алијансата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.