Adel Ömeragiç
17 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
ПОДГОРИЦА (АА) - Црногорскиот град Котор повторно e номиниран во изборот за најдобра туристичка дестинација оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштуваат од Туристичката организација на Котор, во конкуренција за најдобри европски дестинации се наоѓаат уште и Виена, Амстердам, Милано, Париз, Единбург, Лондон, Лисабон и други градови од Европа.
Гласањето почнува на полноќ и трае до 8 февруари.
„European Best Destination“ е еден од најпосетените портали посветен на дестинациите и оваа номинација има исклучително промотивни ефекти.
Победникот на натпреварот и дестинацијата со најмногу освоени гласови ќе им бидат посебно промовирани на милиони патници во текот на целата година, како најдобра европска туристичка дестинација за оваа година.