Bekim Laci
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Собранието на Република Македонија в четврток, на новото продолжение на 27. седница ќе гласа за предлог-законот за употреба на јазиците, по второто читање, откако на денешната седница немаше кворум за гласање, јавува Anadolu Agency (AA).
Со одржување на пет пленарни седници, Собранието започна со работа во 2018 година со интензивна агенда на најавените предлог-закони за првиот месец од годината, но по двочасовните напори не успеа да обезбеди потребен кворум од 61 пратеник, за да се гласа за предлог-законот.
Во рамките на 27. пленарна седница, предлогот на претседателот на Р. Македојиа, Ѓорѓе Иванов, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски да бидат назначени за нови уставни судии, помина без дебата, што беше случај и со предлог-законот за употреба на јазиците.
Во негостиг на потребниот кворум од 61 пратеник, претседателот на Собранието, Талат Џафери, истакна дека за овие предлози ќе се гласа в четврток.
Во текот на денот се очекува Собранието да дискутира за точките од 26. седница, на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, потоа за точките од 22. седница, каде на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за заштита на сведоци и предлог-законот за престанување на важењето на Законот за Советот за утврдување на фактите и подигање на процедурата за утврдување на одговорноста на судот.
За денес е предвидено и продолжението на 11., 13., и 15. седница со различни точки на дневен ред.
Работата на Собранието продолжува да ја бојкотира најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател Кристијан Мицковски во изјава за медиумите истакна дека бојкотот на Собранието продолжува поради, како што рече, недостиг на демократски амбиент, бидејќи како што изјави, 12 отсто од нивните пратеници се наоѓаат во притвор.