Abdula Berisha
26 Октомври 2022•Ажурирај: 26 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен пристигна во Скопје, со што ја започна турнејата низ земјите на Западен Балкан, известува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лајен со највисоки почести беше пречекана пред платото на Владата на Северна Македонија од Димитар Ковачевски, премиерот на Северна Македонија.

Заедно со премиерот Ковачевски, таа ќе присуствува на потпишувањето на Договорот со Фронтекс, по што ќе следи заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лајен.