Ahmed Muharrem
02 Јануари 2025•Ажурирај: 04 Јануари 2025
ПОДГОРИЦА (АА) - На Плоштадот на независноста во Подгорица, граѓаните вечерва почнаа да палат свеќи во спомен на настраданите во вчерашниот масакр во Цетиње, известува Анадолу.
На истото место е поставена и книга на жалост во која граѓаните масовно се потпишуваат.
Меѓу многуте насобрани вечерва беа и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, вицепремиерот на Црна Гора, Алекса Бечиќ, градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ и многу други.
Претходно денеска градоначалникот Мујовиќ повика на палење свеќи.
„Уште еднаш сме сведоци на непредвидливоста на животот и како во миг сјајот и радоста им отстапуваат место на болката и тагата. Подгорица отсекогаш била и ќе биде покрај Кралската престолнина. Раните на нашето Цетиње подеднакво нѐ болат. Нека нашето единство, солзи и молитва им дадат сила на оние на кои во овој тежок момент им се најпотребни“, рече Мујовиќ.
Ацо Мартиновиќ вчера во попладневните часови во Цетиње со огнено оружје усмрти 12 лица, од кои две деца, и тешко ранувајќи четири лица. По повеќечасовното бегство, Мартиновиќ изврши самоубиство.