Dzihat Aliju
06 Јули 2026•Ажурирано: 06 Јули 2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во рамките на неговата посета во Катар се сретна со Шеик Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али ал Тани, заменик-премиер и државен министер за одбранбени прашања на Катар, пренесува Анадолу.
Муцунски, на американската платформа на социјални мрежи X, напиша дека во Доха се сретнал со Ал Тани.
„Ги разгледавме можностите за унапредување на соработката во областа на одбраната и безбедноста, надградувајќи го силното партнерство меѓу нашите две земји“, напиша Муцунски.
Објаснувајќи дека на средбата размениле мислења за развојот на регионалната и глобалната безбедносна состојба и за важноста од тесна координација во справувањето со заедничките предизвици, Муцунски рече:
„Го истакнавме придонесот на нашата земја како сојузник во НАТО и го поздравивме вредното партнерство на Катар со Алијансата во промовирањето на мирот и стабилноста“.
Муцунски престојува во дводневна посета на Катар.
Тој вчера оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мухамед бин Абдулрахман бин Џасим ал Тани.