Andjelija Stojkovic
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Собранието на Грција, Николас Вуцис, денес во Белград изјави дека интеграцијата на земјите од Балканот во ЕУ треба да биде стратешка цел и дека Србија заслужила да стане членка на ЕУ, јавува Anadolu Agency (АА).
„Србија залужи да се приклучи на ЕУ. Не само што има право, туку постојат морални обврски за рамноправно и брзо вклучување на Србија во ЕУ“, изјави Вуцис во своето обраќање пред пратениците во Собранието на Србија, и додаде дена интеграциите на Балканот придонеле за зацврстување на мирот и регионалната стабилност.
Тој изјави дека денес Србија и Грција се заедно, како што секогаш биле заедно во борбата за слобода и демократија. Исто така, Вуцис истакна и дека економските односи на двете земји се одлични, дека Грција е еден од најголемите инвеститори во Србија и дека меѓусебните посети на официјалните лица ќе го достигнат врвот наредниот месец, со посетата на Србија на премиерот на Грција, Алексис Ципрас.
Тој изјави дека регионот на Западен Балкан треба да го спречи развојот на идејата за дестабилизација, отцепување и војна.
Вуцис изјави дека Грција е притисната со мигрантската, но и со кризата на еврозоната и дека државите на ЕУ треба да ги чуваат основните вредности на Европа, за да не му дадат крилја на развојот на екстремниот конзервативен евроскептицизам.
„Европа не смее да стане тврдина во однос на надворешниот свет“, изјави Вуцис.
Тој изјави дека грчкиот народ чувствува хумана должност да им помогне на сите бегалци на кои им е потребна помош.
Вуцис оцени дека на ЕУ ѝ е потребна подобра соработка во управувањето на мигрантската криза, дека заедничките одлуки за тоа се донесени, но дека тој заеднички обид систематски и насилно го спречува низа земји на Централна Европа.
Вуцис својот говор во Собранието на Србија го започна тоа што изрази жалење за убиството на амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов.
„Не можам да не го започнам говорот споменувајќи ја својата неизмерна тага поради убиениот амбасадор на Русија во Анкара и невините жртви во Берлин“, изјави Вуцис.