Andelija Stojkovic
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
БЕЛГРАД (АА) - Амбасадорот на Србија во Софија, Жељко Јовиќ, денеска изјави дека во сообраќајната несреќа во Бугарија е повреден српски државјанин кој се наоѓа во болница во главниот бугарски град, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јовиќ за Радио-телевизија Србија рече дека српскиот државјанин е од Прешево и е во добра здравствена состојба.
Амбасадорот ќе го посети околу 15 часот, и врз основа на тоа што му дозволиле посета претпоставува дека неговата состојба не е тешка.
„Не е во шок-соба, ниту на интензивна нега и претпоставувам дека многу бргу ќе може да им се придружи на своите роднини“, рече Јовиќ.
Најмалку 45 луѓе загинаа откако автобус со македонски регистерски ознаки се запали на автопатот во западна Бугарија рано утрово. Меѓу починатите 12 се деца.