Furkan Abdula,Figen Shaban,Fatjon Cuka
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - По повод 79-годишнината од смртта на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во Македонија, Албанија и Косово се одржаа комеморативни церемонии, јавува Anadolu Agency (AA).
Општина Центар Жупа и основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ одржаа комеморативна церемонија. Градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибрахими, во изјава за АА истакна дека по повод 10 октомври, годишнината од смртта на Ататурк, се одржа свечена програма во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, на која учествуваа ученици и наставници.
Ибрахими информираше дека по одржувањето на свечената програма, бешe положено цвеќе на споменикот на Ататурк пред општинската зграда, каде што е организирана и комеморативната церемонија. Исто така, во амбасадите на Турција во Македонија, Албанија и во Косово се одржаа комеморативни церемонии по повод 10 ноември, годишнината од смртта на Ататурк.
- Церемонија во Амбасадата на Турција во Скопје
По овој повод, во амбасадата на Турција во Скопје се одржа комеморативна церемонија на којашто учествуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, министерот без ресор во Владата на Македонија, Аднан Ќахил, пратеникот во Собранието на Република Македонија Енес Ибрахим, вработените на амбасадата, како и претставници на турските институции во земјата. Точно во 9.05, церемонијата започна со едноминутен молк, а потоа беше интонирана химната на Турција.
Амбасадорката Кара во своето обраќање истакна дека сеќавањето на Ататурк во Македонија има посебно значање, и потсети дека Ататурк својата младост ја помина на ова поднебје.
„Ние сме чувари на Републиката и на нејзините постигнувања, кои ни се оставени во аманет од Ататурк. Фала му на Бога, со оваа мисла ние како народ на 15 јули 2016 година го спречивме предавничкиот обид за државен удар, чија цел беше нашата Република“, рече Кара.
- Комеморативни церемонии во Албанија и во Косово
Исто така, во амбасадата на Турција во Приштина се одржа комеморативна церемонија за Ататурк. На оваа церемонија учествуваа амбасадорката на Турција во Приштина, Кивилџим Килич, косовскиот министер за јавна администрација, Махир Јагџилар, косовскиот пратеник Фикрим Дамка, вработени на амбасадата, како и претставници на турските институции во земјата. Од друга страна, слична церемонија се организираше и во амбасадата на Турција во Тирана, на којашто учествуваа амбасадорот на Турција во Тирана, Хидајет Бајрактар, вработени во амбасадата и претставници на турските институции во земјата.
Свечените церемонии започнаа со едноминутен молк, а потоа беше интонирана химната на Турција.