Fatjon Cuka
23 Јуни 2026•Ажурирано: 23 Јуни 2026
Во Албанија денеска се одржа собир, според организаторите, „во одбрана на јавните услуги, правичните плати и достоинството на работниците“, пренесува Анадолу.
Со слоганот „Јавните услуги во вонредна состојба“, собирот беше организиран од Сојузот на синдикати на Албанија, пред просториите на Министерството за финансии, по повод Меѓународниот ден на јавните услуги.
За време на собирот беше упатен повик за достоинствени плати и безбедни услови за работа, квалитетни јавни услуги за секој граѓанин, вистински социјален дијалог со синдикатите, инвестиции во образование, здравство и администрација, како и почитување на правата на секој работник.
Исто така беше нагласено дека протестираат „за правото на секој граѓанин на држава која функционира и за Албанија која не ги напушта своите луѓе“. Според организаторите и учесниците на собирот, нивните барања се за социјална правда, фер плати и силни јавни услуги.
Меѓународниот ден на јавните услуги, усвоен од ОН, се одбележува на 23 јуни, а има за цел да ја истакне важноста и вредноста на јавните услуги за граѓаните.