Fatjon Cuka
10 Април 2026•Ажурирај: 10 Април 2026
Балканскиот рис повторно е документиран на уште една локација во рамки на Националниот парк Шебеник во Албанија, пренесува Анадолу.
Националната агенција за заштитени подрачја на Албанија во видео објавено на социјалните мрежи соопшти дека преку употреба на камери-замки, идентификација на траги на терен и континуирани набљудувања од страна на специјалисти, е овозможено фотографирање и документирање на балканскиот рис.
Според оваа институција, ова регистрирање го потврдува неговото присуство во природните живеалишта на паркот.
И претходно, балканскиот рис беше виден низ планините во Северна Македонија.
Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) е еден од најретките цицачи во Европа.