Шефшауен - синиот бисер на Мароко
ШЕФШАУЕН (АА) - Шефшауен, живописен град кој се наоѓа во северозападниот дел на Мароко, во светот познат по својата карактеристична архитектура облеана со многу нијанси на сино, е сѐ попопуларна туристичка дестинација во Северна Африка.
Во мароканското шаренило, освен познатите градови Маракеш и Казабланка, се крие уште еден драгоцен камен - градот Шефшауен, кој сѐ почесто се наоѓа на листата на желби на голем број светски патници.