Историја

Anadolu Agency од основање до денес

Историјат на Anadolu Agency е скоро идентичен со историјата на Република Турција. Anadolu Agency е основана на 6.април 1920 година, 17 дена пред оснивање на Големото народно собрание на Република Турција (TBMM). Аnadolu Agency ги објави првите закони, беше сведок на Ослободителната војна и националната борба и сведочеше на револуциите во Турција. 

Откако службените окупации на Истанбул и затварање на парламентот на 16.март 1920 година, Мустафа Кемал Паша даде наредба да се одржат избори за новиот парламент во Анкара. Интелектуалците кои увидоа дека повеќе нема да можат да останат во Истанбул, бараа начини да се приклучат во националната борба. Ваквиот разввој на настаните беше повод за  основање на Anadolu Agency.

YunusNadi (Abalioglu) и новинарката Halide Edip (Adivar) кои тргнаа кон Анкара, се најдоа на 31.март  во Гејви и разговарааа за итна потреба за основање на “информативна агенција “. Додека разговараа за името на агенцијата, помеѓу опциите Турција  , Анкара и Анадолија , одлучија називот на агенцијата да биде Анадолија.

Во мектебот Зираат (сегашна зграда на Метереолошката служба) на 6.април 1920 година, основана е Anadolu Agency (AA)

AA ја оствари тешката задача за време на Ослободителната војна. Требаше да се известува народот на Турција за случувањата за државата и во светот, а и да ја брани националната борба пред светот, да се освести јавноста за барањата на граѓаните на Турција.
Ататурк ги задолжи своите блиски пријатели од агенцијата Анадолија да делува по примерот на влијателните светски агенции. На први март 1925 година, основано е акционерското друштво
Anadolu Agency. Со ваквото структурирање, кое порано не беше видено ни во западните земји, Anadolu Agency доби автономност.