Во Газа поради израелските напади не работат 16 болници: Секој час умираат 15 луѓе
Владата во Газа објави дека 16 болници и 34 здравствени центри во Појасот Газа не се во функција поради израелските напади што траат од 7 октомври, јавува Анадолу.
Половина од болниците и 62 отсто од здравствените домови во Појасот Газа не се во функција, а услуги не се даваат во 16 болници и 34 здравствени домови.
Од првиот ден на израелските напади врз Газа секоја минута во болница се носи по едно повредено лице, а секој час умираат 15 луѓе.
09.11.2023