Аргентинецот Лионел Меси го постигна 800. гол во кариерата
Инфографици
Аргентинецот Лионел Меси го постигна 800. гол во кариерата
Фудбалската репрезентација на Аргентина во пријателски натпревар ја совлада Панама со резултат 2:0, а ѕвездата на „гаучосите“, Лионел Меси, на тој натпревар го постигна 800. гол во кариерата. На натпреварот одигран на стадионот „Монументал“, во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, Меси во 89. минута од слободен удар го постигна својот 800. погодок во клупската и репрезентативна кариера.