Започна операцијата за спасување на децата од потопената пештера во Тајланд
Рано утринава започна операцијата за евакуација на 12 момчиња на возраст од 11 до 16 години и на нивниот 25-годишен тренер кои со денови останаа блокирани во пештерскиот комплекс Там Луанг во северен Тајланд, откако поплавите го блокираа влезот во пештерата. Наронгсак Осака, гувернерот на тајландската покраина Чианг Раи, соопшти дека во операцијата за спасување на младите фудбалери и нивниот тренер учествуваат 13 странски и 5-мина тајландски нуркачи.08 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018