СКОПЈЕ (АА) - Турција е рангирана меѓу првите земји во однос на довербата меѓу земјите од Западен Балкан, пренесува Анадолу.
Објавени се резултатите од квантитативното истражување насочено кон општата популација во Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово, на возраст од 15 години и повеќе што живее во земјите, спроведено од порталот „WeBalkans.eu“, дел од Регионалната програма за комуникација на Европската Унија (ЕУ) за Западен Балкан, управувана од Европската комисија.
Во анкетата, во која беа интервјуирани околу 1.000 испитаници во секоја од 6-те земји во регионот, учесниците беа прашани, меѓу другото, колку веруваат во која земја или институција.
Според собраните одговори, највисок тренд на доверба кон Турција е забележан во Косово со 77 %, по што следуваат Северна Македонија со 71 %, Албанија со 69 %, Босна и Херцеговина со 63 %, Црна Гора со 48 % и Србија со 23 %.
Од друга страна, најголема доверба во Соединетите Американски Држави (САД) меѓу земјите од Западен Балкан има во Косово со 88 %, по што следуваат Албанија со 88 %, Северна Македонија со 66 %, Босна и Херцеговина со 45 %, Црна Гора со 44 % и Србија со 17 %.
Меѓу земјите од Западен Балкан, довербата во Русија е највисока во Србија со 59 %, додека најниска е во Албанија со 9 %. Граѓаните на Црна Гора имаат доверба во Руската Федерација со 47 %, Северна Македонија со 38 %, Босна и Херцеговина со 28 % и Косово со 10 %.
Србија и Црна Гора го делат првото место по довербата во Кина во Западен Балкан со по 57 %. По нив следуваат Босна и Херцеговина со 42 %, Албанија и Северна Македонија со по 39 % и Косово со 10 %.
Според извештајот, ЕУ е институцијата на која ѝ се наметнува најголема доверба во Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, САД во Косово, Светската банка во Северна Македонија и Руската Федерација во Србија.