СКОПЈЕ (АА) - Голем број лица маскирани во несекојдневни костими парадираа низ Њујорк по повод Ноќта на вештерките, известува Анадолу.
Луѓе облечени во креативни костими го исполнија Менхетен синоќа, а иконската парада по повод Ноќта на вештерките се врати во населбата Гринич Вилиџ, привлекувајќи илјадници луѓе да слават и да ги покажат своите костими и маски.
Ноќта на вештерките, која се прославува секоја година ноќта на 31 октомври, е широко распространета во многу западни земји, со организирање на ноќни забави со костими и тематски декорации.