Со боите на есента платото Одајери и езерцето Торкул во Дузџе ги пречекуваат посетителите

- Платото Одајери и езерцето Торкул во Дузџе им нудат на посетителите есенски колоритен пејзаж, со дрвја обвиткани во нијанси на зелена, жолта, црвена и кафеава боја

ДУЗЏЕ (АА) - Платото Одајери и езерцето Торкул во Дузџе им нудат на посетителите есенски колоритен пејзаж, со дрвја обвиткани во нијанси на зелена, жолта, црвена и кафеава боја, известува Анадолу.

Рибарите, фотографите и камперите, кои ги посетуваат платото и вулкански формираното езерце, имаат можност да уживаат во есенска атмосфера.

Сместени на 34 километри од центарот на градот на надморска височина од 1.451 метар, жолтите, кафеавите, зелените и црвените нијанси што доминираат во дрвјата и вегетацијата околу висорамнината и езерцето ги фасцинираат љубителите на природата.

Патот што е обрабен со дрвја, како бука, ела, габер, костен, јавор и црн бор, на посетителите им нуди можност да патуваат низ колорит од бои.