ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи важноста на палестинската кауза на состанокот на Генералното собрание на ОН минатата недела во Њујорк, велејќи: „И покрај напорите на Израел да ја блокира, палестинската кауза остави свој белег на 80-то Генерално собрание на ОН“, известува Анадолу.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, даде изјава за медиумите по состанокот на претседателскиот кабинет.
Во своето обраќање пред медиумите, претседателот Ердоган се осврна на Генералното собрание на Обединетите нации со зборовите:
„И покрај напорите на Израел да ја блокира, палестинската кауза остави трага на 80-то Генерално собрание на ОН“.
Тој посочи дека освен неколку земји, речиси никој не сака да застане покрај Израел или да биде виден на фотографира со владата на Нетанјаху.
„Воодушевени сме што бројот на земји што ја признаа Палестина достигна 158 и многу сме задоволни како водечка земја во оваа борба“, рече Ердоган и додаде:
„Турција цврсто стои покрај палестинскиот народ, бранејќи ја нивната земја, слобода, достоинство“.
Претседателот Ердоган зборувајќи за признавањето на државата Палестина, посочи дека иако одложено, признавањето на државата Палестина од страна на 2 земји членки на Советот за безбедност (Велика Британија, Франција) е од огромно значење.
„Речиси секој знае дека Нетанјаху, сè повеќе притиснат од истраги за корупција, го влече регионот и светот во хаос само за да го задржи своето место“, рече Ердоган.
Осврнувајќи се на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, турскиот претседател Ердоган рече: „Верувам дека сите ќе ги видиме позитивните резултати од средбата во наредниот период“