Целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце поради пожар

- МВР ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-граничен премин Блаце во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија соопшти дека целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце поради пожар во подрачјето, известува Анадолу.

Во соопштението што го објави МВР се известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-граничен премин Блаце во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце. МВР информира дека е во координација со другите надлежни институции и презема мерки за гаснење на пожарот.

„Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон граничниот премин Блаце до гаснењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, се вели во соопштението.